Претходна статија
Владата пресече - најпрвин ќе се гради гасовод до ТЕ „Неготино“
Следна статија
Како до посакуваната топлина на вашиот дом со помалку потрошена енергија?

Нови планови за македонските патишта и автопатишта

Објавено на 27.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Патен правец Кичево - ГостиварВладиниот Економски совет на денешната седница донесе заклучок за начинот на кој ќе се гради зацртаната приоритетна патна инфраструктура во Македонија.  Правецот Гостивар – Кичево повторно ќе биде понуден преку концесија бидејќи согласно обемот на сообраќај се смета дека оваа делница е со најповолни изгледи. За патниот правец Кичево – Охрид е одлучено во оваа фаза да се направи рехабилитација и проширување со една лента на дел од трасата. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека за автопатот Скопје – Блаце ќе се контактира со косовското министерство за транспорт и други тамошни релевантни институции, со цел заеднички настап за концесионирање на овој правец, но ако ваквиот обид не успее ќе се бара заем од странските фондови.

 

Во однос на патниот правец Миладиновци – Штип, одлучено е да се гради со задолжување кај меѓународните финансиски институции, а за потегот од Куманово до бугарската граница заклучено е да се изврши проширување и реконструкција на постоечкиот пат. Најновата владина одлука доаѓа по минатогодишното пропаѓање на тендерот за концесионирање на автопатиштата, на кој не беше доставено ниту едно барање за учество во постапката за нејзино доделување. Иако првичниот рок за доставување понуди беше три пати пролонгиран, сепак тоа не помогна во успешното завршување на проектот.

 

 

» Форумска дискусија за концесионирањето на автопатиштата