Претходна статија
Започна изградбата на индустриската зона „Металец“ во Прилеп
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: При крај е првата фаза од изградбата на плоштадот Скендербег во Скопје

Нови билборди се поставуваат во Скопје, склучувањето на договорите формално е во тек

Објавено на 21.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Компанијата за надворешно рекламирање „Screen Media“ е првиот избран оператор за поставување на рекламни паноа, светлечки реклами и дигитални билборди на територијата на главниот град. Според информациите објавени на интернет – страницата на оваа фирма уште на почетокот од февруари, таа во наредните 15 години ќе располага со 200 локации за мега лајти, 63 за сити лајти и со 12 лцд панели на атрактивни места во Скопје. „Screen Media“ веќе започна да ги поставува новите средства за надворешно рекламирање покрај неколку булевари во општините Центар и Карпош.

 

Од Градот Скопје сè уште не излегуваат со подетални информации за исходот од јавниот оглас за избор на четири концесионери, кој беше публикуван во октомври 2012 година. „Склучувањето на договорите формално е во тек и кога ќе се завршат сите процедури за правосилноста на истите, Градот Скопје ќе ги објави имињата на концесионерите, условите за концесионирање и зоните за поставување на билбордите“, велат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

 

Покрај „Screen Media“, не се познати имињата на преостанатите компании што ќе постават средства за надворешно рекламирање во македонската метропола. Висината на финансиските средства што тие ќе ги уплатат на сметка на локалниот буџет исто така не е позната, но почетната цена на сите четири пакети понудени на јавниот оглас за доделување локации изнесуваше 1,2 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија на оваа тема