Претходна статија
Намален бројот на предвидени станови во текот на мај
Следна статија
Филтерската станица за водоводот во Гостивар ќе биде завршена во првата половина на 2013 година

Нови бензински станици на „Макпетрол“

Објавено на 06.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новата бензинска станица на Макпетрол кај НеготиноДеновиве започна со работа новата бензинска станица на компанијата „Макпетрол“, лоцирана на автопатот А1 Табановце – Гевгелија, во близина на Неготино. Објектот се простира на површина од 11.000 метри квадратни и истовремено може да опслужи осум моторни возила за снабдување со сите видови горива. Во рамки на бензинската станица е изграден паркинг за лесни и тешки возила, игралиште за деца и други пропратни содржини. Инвестицијата на „Макпетрол“ во овој проект изнесува околу три милиони евра.

 

Во соопштението од компанијата напоменуваат дека до крајот на јули ќе биде пуштена во употреба уште една бензинска пумпа на патниот Коридор 10, на автопатот на излез од Скопје кон Велес. „Макпетрол“, како најголем приватен субјект за дистрибуција и промет со гориво во земјава, во моментов располага со 121 бензински станици распоредени на целата територија на Македонија.