Денес од паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ во употреба беа пуштени нови 68 двоспратни автобуси на ЈСП Скопје. Со ова бројот на нови автобуси во јавното сообраќајно претпријатие изнесува 216, од кои 136 се двоспратни произведени од страна на кинеската компанијата „Јутонг“, а 80 се едноспратни произведени од страна на украинската компанија „ЛАЗ“, односно извршена е замена на околу 70 проценти од возниот парк на ЈСП. Првиот „даблдекер“ на „Јутонг“ беше ставен во служба на јавниот превоз во Скопје во април минатата година.
» Форумска дискусија за двокатние автобуси на ЈСП