Претходна статија
„Критичка Архива - Разоткриена“ во петок во Кино Култура
Следна статија
За третата фаза од пругата кон Бугарија обезбедени нови 71,5 милиони евра

Нови 6,5 милиони денари за довршување на класицистичката палата на ЕЛЕМ

Објавено на 08.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) денеска објави тендер за пронаоѓање на компанија што ќе ја доврши изградбата на административната зграда на ЕЛЕМ кај Музејот на град Скопје. За преостанатите градежни и градежно – занаетчиски работи е предвидено да се потрошат околу 6,5 милиони денари. Станува збор за демонтажа и повторна монтажа на инсталации од дата центарот лоциран на четвртиот кат од објектот, како и за изведба на слабострујни и јакострујни инсталации. Временскиот период за нивната изведба е два месеца. Заинтересираните градежни фирми имаат рок до 28 февруари за да ги достават своите понуди за учество во тендерската постапка.

 

 

Во изградбата на класицистичката палата на ЕЛЕМ досега се вложија над 17,4 милиони евра, се наведува во базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ објавена од БИРН. Овој објект од проектот „Скопје 2014“ има површина од 9.130 метри квадратни и се гради врз основа на изготвеното идејно решение на авторите Лазар Димов, Жарко Чаушевски и Стефан Смилевски.