Новоизградената катна гаража на компанијата „Макоил“ лоцирана покрај булеварот Крсте Петков Мисирков, непосредно до Националната и универзитетска библиотека во Скопје [»мапа], од денеска е пуштена во употреба. Објектот се простира на основа со површина од 1.340 метри квадратни и располага со 275 паркинг места. Изградбата започна во мај минатата година, а инвестицијата беше во висина од 3,5 милиони евра. „Макоил“ во централното градско подрачје располага со градежно земјиште наменето за комерцијални гаражни објекти и на три други локации (зад објектот „Метропол“ на Плоштадот „Македонија“, на улицата Орце Николов близу „МЕПСО“ и во Ново Маало спроти „Веро Центар“), а неодамна го загуби правото да гради подземна гаража кај републичкото Собрание.
» Форумска дискусија за овој проект