Претходна статија
На поранешната министерка за култура ќе ѝ се суди за набавките за Музејот на ВМРО
Следна статија
„Адора“ ја пушти во употреба новата висококатница во Кисела Вода

Нови 15 милиони денари за довршување на објектот на Македонска филхармонија

Објавено на 26.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Објектот на Македонска филхармонија – бунар без дно. Австриската компанија „Страбаг АГ“ доставила предновогодишна честитка до Министерството за култура за исплата на дополнителни 15 милиони денари за изведба на непредвидени работи, кои не биле вклучени во потпишаниот договор од 2014 година. Ваквиот договор е склучен од надлежното министерство во текот на вчерашниот ден, со што вкупната сума издвоена за изградба на овој објект порасна на 1.681.625.917 денари, односно околу 27,3 милиони евра.

 

 

„Од страна на изведувачот е утврдено дека има позиции кои не се предвидени во проектната документација, а кои се неопходни за изведба со цел за непречено функционирање на системите, инсталациите и воопшто на целиот објект. Исто така, утврдени се и позиции кои ги има во проектната документација, но истите не се предвидени во предмерот на позиции од договорот за изведба“ се наведува во образложението објавено на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

 

Како доаѓа до вакви непредвидени работи по пуштањето во употреба на новиот објект и по официјалното издавање на употребната дозвола, не е објаснето во објавената документација од страна на Министерството за култура. Сепак, деталната пресметка на непредвидените работи од страна на „Страбаг АГ“ е вклучена во рамките на јавно објавениот договор. Австриската фирма добила рок од еден месец, сметано од потпишувањето на договорот, за да ги изведе непредвидените работи во објектот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект