Претходна статија
Македонија треба посериозно да пристапи кон спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност
Следна статија
Музеј на ретки минерали ќе се гради во Пробиштип

Новата зграда на Турскиот театар ќе ја гради скопски „Бетон“

Објавено на 26.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Им се гледа крајот на перипетиите поврзани со изградбата на новата зграда на Турскиот театар. По повеќе од седум години одложувања, раководството на оваа културна установа потпиша договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за реализација на планираниот објект во близина на новата железничка станица. Во претстојниот период треба да стартуваат градежните активности на локацијата на поранешното балетско училиште [»мапа], а првичната финансиска конструкција изнесува 245.494.259 денари или околу 4 милиони евра. Покрај учеството на македонската влада, во собирањето средства за овој проект се очекува да учествуваат и фондации и официјални институции од Турција.

 

Во согласност до деталниот урбанистички план за Ново Маало, новата театарска зграда во висина од 24 метри ќе се гради на парцела со големина од 7.061 метри квадратни. Објектот со приземје и пет ката ќе се простира на површина од 19.771 метри квадратни, од кои 51% ќе биде наменет за двете театарски сали, соблекувалните на уметниците и канцелариите на администрацијата. Големата сала ќе има капацитет од 329 седишта, додека малата сала ќе може да прими 140 љубители на театарската уметност.

 

Идејното решение го изработија архитектите Виктор Михајлов и Александар Наумчески. Во склоп на идното здание ќе има галерија, книжарница и ресторан, но исто така дел од површината во урбанистичкиот план е предвидена за големи трговски единици и деловен простор како компатибилни класи на намена. Замислата за изградба на нов објект за Турскиот театар датира уште од 2006 година, а остварувањето на проектот во неколку наврати беше одложувано.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект