Претходна статија
Општина Куманово привршува со проектот за реконструкција на улиците
Следна статија
За две години треба да заврши изградбата на битолскиот стадион

Новата кичевска болница ќе биде готова до април 2019 година

Објавено на 22.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Општата болница во Кичево, којшто го очекува довршувањето на новиот болнички капацитет уште од 1989 година. Тој информираше дека тендерот за доградба на болницата ќе биде објавен наредниот месец, а по изборот на најповолен понудувач веднаш ќе продолжат градежните работи. „До април 2019 година новата Општа болница во Кичево ќе биде предадена во употреба. Обезбедени се средства кои ќе бидат доволни за нејзина целосна реализација“ изјави Таравари.

 

 

Изградбата на кичевската болница се одолговлекува веќе неколку години наназад. Во 2014 година започна довршувањето на изведбените активности на овој објект, но досега се реализирани околу 70% од севкупните работи. Претходното раководство на Министерството за здравство во неколку наврати се обиде да пронајде нов изведувач, но тендерските постапки завршуваа неуспешно. Последниот неуспешен обид за продолжување на градежните работи беше прекинат во април годинава.