Претходна статија
Тежок почеток, но светла иднина за ТАВ и авиосообраќајот
Следна статија
7,2 милиони евра за рехабилитација на автопатот Катланово - Велес

Нова тура споменици

Објавено на 21.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беа поставени спомениците на Александар Велики и на Јустинијан Први на Плоштадот Македонија во Скопје, како и спомениците на Филип Втори во Автокоманда и на Плоштадот Магнолија во Битола.

 

Според информациите кои ги соопшти Општина Центар, бронзениот споменик на Александар е висок 14,5 метри и е тежок 30 тони. Автор на идејното решение е Валентина Стевановска, а се изработуваше во уметничките леарници „Фердинандо Маринели“ од Фиренца  и „Гвастини“ од Виченца, Италија. За него Владата издвои 5,3 милиони евра, од кои 650 илјади и беа исплатени на авторката. Дополнителни 4,1 милиони евра чини фонтаната – постамент. Продолжуваат работите на украсните релјефи и инсталациите на фонтаната, а свеченото откривање се најавува за 8 септември, на 20 – годишнината од независноста на Република Македонија.

 

Во доцните попладневни часови на Плоштадот Македонија заврши и склопувањето на белиот мермерен споменик на Јустинијан Први, кој се наоѓа на кејот на Вардар, во близина на Камениот мост и споменикот на Даме Груев. Скуплтурата е висока 5 метри и е поставена на постамент висок 3,5 метри. Автор е Роза Павлеска, а се изработуваше во уметничката галерија „Пиетро Базанти е Фиљо“ и во уметничката леарница „Фердинандо Маринели“ од Фиренца. Се очекува завршната обработка да потрае уште околу една недела. Вредноста на овој споменик надминува 1,2 милиони евра.

 

Споменик на Филип Втори беше поставен на истоимениот плоштад во скопската населба Автокоманда. Негов автор, како и автор на останатите скулптури кои ќе се постават на плоштадот (четири женски фигури и четири антички воини) е Валентина Стевановска. Нејзиниот хонорар изнесува 300 илјади евра,  за леење на споменикот српската леарница „Јеремиќ“ доби 320 илјади евра, а на скопски „Бетон“ за градежните работи на постаментот и на предвидената фонтана, ќе му бидат исплатени 290 илјади евра. Коњаничката скулптура на Филип е висока околу 5 метри и е поставена на постамент висок 3,5 метри.

 

Филип Втори истовремено дојава и на битолскиот Плоштад Магнолија. Автор на овој споменик е Ангел Коруновски. Скулптурата заедно со постаментот е висока околу 8 метри, а локалната власт во споменикот и околното уредување вложи 350 илјади евра.

 

 

Александар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад Македонија

Александар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад Македонија

Александар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад Македонија

Александар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад Македонија

Александар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад Македонија

Александар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад МакедонијаАлександар Велики - Плоштад Македонија

 

 

Јустинијан Први - Плоштад МакедонијаФилип Втори - АвтокомандаФилип Втори - Автокоманда

Филип Втори - АвтокомандаФилип Втори - АвтокомандаФилип Втори - Автокоманда