Претходна статија
Уредување на просторот околу „Залив на коските“
Следна статија
Бриколаж се спрема за влез на македонскиот пазар

Нова слободна економска зона кај Бунарџик

Објавено на 12.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со поставување на камен темелник кај локалитетот Бунарџик, денеска беше означен почетокот на градежните работи за изградба на инфраструктурата на Технолошко – индустриската развојна зона Скопје – 2, лоцирана во продолжение на ТИРЗ Скопје – 1. Зоната, чиј основач е Владата, а која е една од 11-те предвидени низ Македонија, ќе се гради на земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 95 хектари. Проектирана е за изградба на 20 фабрики што би овозможиле околу 5.000 вработувања. Во првата фаза од изградбата на инфрастуктурата е предвидена изградба на главна сообраќајница во должина од 1,9 километри, водоводна и гасоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација.  Тие активности треба да бидат завршени за една година, а за нив се одвоени 212 милиони денари односно околу 3,5 милиони евра.