Претходна статија
Општина Битола сама ќе го доградува битолскиот стадион
Следна статија
Од 5-ти јуни нови субвенции за велосипеди во Општина Центар

Нова промена на Законот за градење

Објавено на 05.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По којзнае кој пат, Собранието на Република Македонија изгласа нови измени и дополнувања на Законот за градење. Со најновата одлука на владејачкото мнозинство се дозволува изградба на плажи, пешачки патеки, рекламни паноа со површина од над 30 метри квадратни и подземни бунари без одобрение за градење. Изгласаните измени се донесоа по скратена постапка. Со ова, процедурите за подигање големи рекламни паноа, патеки, плажи и бунари се изедначува со онаа за споменици и скулптури, гробници и гробни места, гаражи, настрешници, базени, отворени и затворени спортски игралишта, спортски сали до 1.500 метри квадратни, градобијни станици и слично.

 

 

 

Од опозициската партија СДСМ во текот на денешната расправа упатија низа критики кон предложените измени во Законот за градење. Томислав Тунтев од СДСМ рече дека Законот за градење е еден од најизменуваните закони. Опозицијата во националниот парламент поднела амандман во однос на овој Закон, со кој бара плажите и другите придружни објекти да бидат ставени во објекти од втора категорија, односно за нив да треба да се издава одобрение за градење. Владејачкото мнозинство на денешната седница не го прифати ваквиот предлог.