Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Четири нови споменици во Скопје
Следна статија
„Арт“ плоштадот во Прилеп пред комплетна реализација

Нова општинска зграда за Бутел

Објавено на 10.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вчера во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот Петре Латиновски свечено беше пресечена црвена лента за новиот административен објект на Општина Бутел, кој се наоѓа кај ОУ „Живко Брајковски”, пред спортската сала „Антон Димитров“. Сепак на објектот сеуште се во тек завршните работи, а од Општината не добивме одговор кога се планира службите да се преселат од дотраените бараки на ул. Босна и Херцеговина.

 

Изградбата на новата административна зграда започна во август минатата година и во нејзе се вложени 67 милиони денари, средства од oпштинскиот буџет. Објектот има корисна површина од 2.700 метри квадратни. Во него ќе бидат сместени сите служби на локалната самоуправа и голема сала за одржување седници на Советот, додека во посебен дел со посебен влез се издвоени просториите на салата за венчавки со Матичната служба. Изведувач на градежните работи беше градежното претпријатие „ДС Галаб“ од Скопје, а надзорот го вршеше Градежен институт „Македонија“.

 

Форумска дискусија за овој проект » овде

 

###

###