Претходна статија
ОСВРТ: Градска железница во Скопје?
Следна статија
Осми меѓународен саем за градежништво

Нова катна гаража во Центар

Објавено на 28.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денес беше поставен камен темелник за изградба на катна гаража покрај булеварот Гоце Делчев во Скопје, веднаш до новиот Кривичен суд во изградба. Објектот ќе има бруто развиена површина од близу 20.000 метри квадратни и капацитет за паркирање на 500 возила. Околу 15% од вкупната површина е предвидена за деловен простор. Сообраќајниот приод кон гаражата ќе биде од јужната страна на објектот, помеѓу зградите на Државниот архив и Институтот за македонски јазик.


Проектот го изработи проектанската куќа „Мегарон“. Според договорот, изведувачот на градежните работи, градежното претпријатие „Бетон“, е обврзан објектот да го заврши во рок од 16 месеци. Инвеститор е Општина Центар, а инвестицијата изнесува 5 милиони евра. Половина од средствата се обезбедени од комерцијален кредит, додека другата половина треба да биде обезбедена од продажбата на деловниот простор.