Нова фекална канализација со пречистителна станица со капацитет за приклучување на 330 домаќинства, односно на 1.250 жители, и канализациски систем во должина од 3.500 метри се двата инфраструктурни објекти што денеска беа пуштени во употреба во општина Илинден. Комплетниот градежен зафат е реализиран со средства од општинскиот буџет во вредност од 30 милиони денари. Општина Илинден во изминатиов период изгради три пречистителни станици на нејзина територија. Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека овој проект ќе се користи како модул за решавање на проблемот со прочистување на отпадни води на ниво на целата општина. Оваа локална самоуправа во моментов го гради системот за канализација и третман на отпадни води за населеното место Марино, кој треба да биде пуштен во употреба до крајот на оваа година.