Претходна статија
Ќе се градат нови откупно - дистрибутивни центри во Македонија?
Следна статија
Резиденцијалниот комплекс „Соравиа Ресорт“ наскоро ќе ги дочека првите станари

Нова епизода од серијалот „Мал Ринг“

Објавено на 21.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ДУП Мал РингНе запираат честите измени на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ кој го опфаќа строгиот центар на Скопје. Најновата верзија на планот, кој по обичај го изготвува „ИНПУМА“, денес доживеа јавна презентација во тесните простории на урбаната заедница Мирче Ацев. Со него е предвидено на контроверзната маркичка за црква на Плоштадот Македонија да никне административен објект, а нова локација за црква е зацртана во паркчето пред Домот на АРМ [»мапа]. Потврдена е и идејата да се гради панорамско тркало во комбинација со мост преку Вардар, помеѓу стариот театар и МЕПСО. Беше побарано, но од презентерката изостана јасно објаснување кој е статусот на подземната улица под кејот, која требаше да ја гради инвеститорот на објектот што никна на местото на некогашната Народна банка.

 

Асоцијацијата на архитекти на Македонија повторно излезе со реакција за начинот на кој се презентира планот. Во писмото упатено до градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, се вели дека е недопустиво презентирање на толку значаен документ во извонредно бедни услови, во просторија од 3х3 метри и без подолга промоција во јавните гласила. Асоцијацијата апелира за подолги и поиздржани јавни презентации на плановите кои се однесуваат на централното градско јадро.

 

 

» Форумска дискусија за ДУП Мал Ринг