Авторот Филип Петровски е победник на архитектонскиот Конкурс за избор на идејно – обликовно и архитектонско – урбанистичко решение за нова едукативна просторна инсталација во паркот во населбата Чаир. Град Скопје нему му ја додели главната архитектонска награда во износ од 120.000 денари. На јавниот повик се пријавиле 4 архитекти и бироа со свои трудови, а крајниот збор за изборот на најсоодветното идејно решение го дало стручното жири.
*Визуелизација од една од поставените едукативни просторни инсталации во Скопје
Идната едукативна просторна инсталација „Во имагинарниот свет на децата“ ќе се изведе во зелениот појас на паркот во населбата Чаир. Слични катчиња за децата веќе беа изведени во Паркот Македонија во Карпош, Градскиот парк во Центар и Парк – шумата Водно.