Претходна статија
Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов доби 4 сообраќајни ленти на уште 1.100 метри
Следна статија
Во Делчево се гради индустриска зона на 20,8 хектари

Нова „бомба“ на СДСМ – Груевски лично е архитектот на „Скопје 2014“

Објавено на 29.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави нови снимки од разговори, овој пат поврзани со проектот „Скопје 2014“. Денешната „бомба“ ја презентираше потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски, кој повикувајќи се на снимките истакна дека идејниот творец, планер, дизајнер и реализатор на проектот е лично премиерот Никола Груевски. „За Груевски не постоел закон, бидејќи немало кој да им прави проблем“ рече Манчевски.

 

#Според Манчевски, Никола Груевски местел и преместувал минстерства, а некои државни институции на негово барање се вселени во објекти на диво. „Никола Груевски црта и прецртува балкони на барокен хотел, се занимава со изведувачи на работа на објектите, си признава дека Валентина Стефановска е режимска скулпторка. Во вториот разговор тој на основа на слика од фонтана во Рим, сака да изгради идентична позади Универзалната сала, со обелиск. Лично Груевски утврдува локации за институции, но и планира згради за фирми во барок стил. Премиерот во заминување бира идејни решенија за Кулата на Водно за наводно независната Агенција за електронски комуникации, бира дури и идејни решенија за катни гаражи, споредува стилови и се занимава со уметнички впечатоци. Оној кој по Уставот и законот е прв во државата се занимавал со се, само не со својата работа. Наместо да биде премиер на граѓаните на Македонија, Никола Груевски бил архитект и дизајнер на ентериер. Ете затоа денес државата ни е на ова ниво.“ рече пред присутните потпретседателот на СДСМ.

 

Манчевски обвини и дека на многу објекти коишто биле под заштита како споменици на културата, им го одземале тој статус, за да прават што сакаат, а од исти побуди на Општина Центар не и го давале на управување градежното земјиште на нејзина територија. Во дел од разговорите беше презентиран и договор помеѓу Груевски и Силвана Бонева, за да министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска не се појави на седница за пратенички прашања, со цел да се оневозможат опозициските пратеници да и постават незгодни прашања околу финансиските подробности во врска со „Скопје 2014“. После презентирањето на аудио снимките следеше дебата на која учествуваа голем број претставници на граѓански здруженија и невладини организации.

 

 

» Форумска дискусија за „Скопје 2014“