Генералниот директор на „Лукоил Македонија“ Андреј Куку и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак денеска свечено ја пуштија во употреба новата бензинска пумпа на „Лукоил“. Лоцирана е на влезот во Кочани кај месноста Косовка и се простира на вкупна површина од 2.400 метри квадратни. „Со нејзиното присуство и работа, граѓаните и туристите од овој дел на Македонија ќе добијат висококвалитетни горива и квалитетна и навремена услуга“ истакна Андреј Куку. Новата бензинска пумпа во Кочани е изградена во соработка помеѓу „Лукоил Македонија“ и „ДТУ Бензинска пумпа“ од Кочани. Руската нафтена компанија во изминативе неколку години отвори вкупно 27 бензински пумпи на различни локации во земјава.