Претходна статија
Спортската сала во Куманово ќе се реконструира
Следна статија
Електричен автобус од денеска ќе сообраќа на линијата со број 15

Нов систем за наводнување ќе се гради во Ранковце

Објавено на 04.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Ранковце ќе добие нов систем за наводнување на земјоделските површини. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска го претставија проектот за изведба на систем за наводнување Славишко поле како еден од малите нискотрошовни и еколошки прифатливи инфраструктурни објекти. Изградбата на овој систем за наводнување во Ранковце ќе чини околу 1,6 милиони евра, при што средствата се веќе обезбедени од програмата ИПА 2015.

 

Новиот систем за наводнување ќе опфати земјоделски површини што се простираат на 200 хектари и ќе донесе придобивка за повеќе од 250 домаќинства кои се занимаваат со земјоделство во Ранковце, Гиновце и Псача. „Со изградбата на новиот систем за наводнување, многу обработливо земјиште кое во моментов е без вода конечно би било употребливо. Изградбата на системот за наводнување ќе го зголеми приходот за повеќе од 3 пати“ изјави министерот Николовски.

 

Инфраструктурниот објект во Ранковце ќе се гради преку проектот „Мали нискотрошовни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Консултантската куќа која што ја изработува проектната документација за системот за наводнување Славишко поле посочила дека објектот би бил пуштен во употреба во сезоната за наводнување во 2020 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.