По четврти пат ќе се лицитира за парцела во општина Делчево со површина од 2.420 метри квадратни, наменета за изградба на хотел. Урбанистичкиот план за туристичкиот локалитет Голак кај градежната парцела 3.3 предвидува максимална површина за градење од 1.001 метар квадратен, максимална дозволена висина до венец од 14,6 метри и коефициент на искористеност од 1,24. Почетната цена изнесува едно евро за квадрат. Пријавите за учество може да се достават најдоцна до 08.09.2011, а јавното наддавање ќе се одржи на 14.09.2011.
Претходно, Министерството за транспорт и врски, во мај и во јули минатата година веќе организираше две неуспешни лицитации со почетна цена од 3.200 денари за метар квадратен, а во ноември пропадна и обидот земјиштето да се продаде по едно евро за квадрат.