Претходна статија
Општина Штип планира да го гради спортско - рекреативниот центар „Суитлак“
Следна статија
Два хотела и индустриски објект ќе се градат покрај аеродромот „Александар Велики“

Нов кредит за РЕК „Битола“

Објавено на 24.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со кредит од „Дојче банк“ во висина од 49,2 милиони евра, во наредните две години ќе се ревитализираат и модернизираат вториот и третиот блок во термоелектраната „Битола“, најголемиот енергетски капацитет во земјава. Договорот за задолжувањето денеска во Скопје го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, генералниот директор на АД „ЕЛЕМ“ Влатко Чингоски и Мајкл Зипф, заменик – претседател на „Дојче банк“. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, односно 12 години, со каматна стапка што во моментов изнесува 2,26 отсто, а како гарант се јавува државата. Преостанатите 2,9 милиони евра до вкупната вредност на проектот од 52,1 милион евра ги обезбеди АД „ЕЛЕМ“ од сопствени средства.

 

ТЕ Битола„Со денешното потпишување се отвора патот за почеток на втората фаза во проектот за модернизација и ревитализација на ТЕ „Битола“ што треба да се оствари во наредните две години. Главните придобивки кои се очекуваат се продолжување на животниот век на котлите за најмалку уште 120.000 часови или 20 години нормална експлоатација на ТЕ „Битола“, зголемување на ефикасноста на котлите, намалување на потрошувачката на гориво и намалување на емисијата на азотните оксиди и задоволување на критериумите за максимално дозволени емисии во термоелектраната, односно усоглсеност со најновите директиви на ЕУ. Со тоа ќе се овозможи непречена работа на термоелектраната и после 2016 година“ истакна генералниот директор на АД „ЕЛЕМ“ Влатко Чингоски. Вкупната инвестиција за ревитализација и модернизација на ТЕ „Битола“ со намалување на емеисијата на азотни оксиди за сите три блока изнесува 88,5 милиони евра, а ќе ја изведува германската компанија „Бабкок Борсиг“ (Babcock Borsig Steinmüller GmbH).