Претходна статија
„Визер“ ги воведе првите четири од новите осум дестинации од двата аеродрома
Следна статија
Ќе се подготвува проектот и за третата индустриска зона во Бунарџик

Нов Конкурс за идејно решение за рекреативниот центар „Младост“ во Неготино

Објавено на 19.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако на првичниот повик до архитектите во ноември 2018 година не беше доставена ниту една понуда, Општина Неготино денеска го распиша вториот по ред Конкурс за избор на идејно решение за уредување на спортско – рекреативниот центар „Младост“. Од архитектите се бара на јавниот простор со површина од 11,63 хектари да предвидат нови спортски и рекреативни содржини за граѓаните, вклучувајќи трим патеки, реквизити за вежбање, велосипедски патеки, угостителски објект, детско игралиште, фонтани, паркинг и парк за домашни миленици.

 

 

Неготинската локална самоуправа ја зголеми вредноста за најдобриот конкурсен труд што ќе биде доставен од архитектите. Предвидено е доделување на прва архитектонска награда во висина од 120.000 денари. Селекцијата на доставените идејни решенија и изборот на најдобриот труд ќе го врши седумчлено жири во следниов состав: Доне Ѓорѓиев, Снежана Цветкова, Трајче Димов, Весна Ѓорчева, Љупче Трајков, Трајче Стафилов и Васко Ликарски. Изработените архитектонски проекти од авторите треба да се достават најдоцна до 30 април.