Burj Khalifa во Дубаи е највисоката зграда во светот која е цела во стакло и е изложена на силни ветрови и екстремно високи темпертури поголеми од 50° целсиусови. Зградата е е целосно застаклена со нискоемисионите стакла од Guardian кои се супериорни во однос на изолацијата и квалитетот што го нудат. Guardian е Американска компанија која е светски лидер во производство на специјални стакла, со свои фабрики во 25 држави на 5 континенти.
Нискоемисионите стакла со меко покритие од Guardian можат да достигнат коефициент на топлопропустливост до Ug=0.5 w/m2k. Колку за споредба стандарден термопан 24мм со флот стакла има коефициент на топлопропустливост Ug=2.7 W/m2K.
Над 80% од прозорецот отпаѓа на стаклото, поради што термопанот ја дефинира и изолацијата на целиот прозорeц. За подобра изолација стаклата задолжително треба да бидат нискоемисионо или 4 сезони, подобро е кога полнењето помеѓу стаклата е со аргон наместо со воздух. Термопан со 2 стакла има поголеми изолациски својства од термопан со 2 стакла. Исто така поголемо растојание меѓу стаклатата има удел во изолациските својства на термопанот, термопан со три стакла со дебелина од 36 мм и термопан со три стакла со дебелина од 50мм немаат исти изолациски својства.
Во Проспера се нудат термопани од Guardian со три стакла со дебелина 50мм, нискоемисиони и 4 сезони стакла, со полнење аргон, исто така во понудата Проспера има термо дистанционери помеѓу стаклата наместо ладни алуминиумски дистанционери. Ваков термопан е со коефициент на пропустливост на топлина Ug=0.5 W/m2K. Сите прозори во понудата на Проспера се нискоемисиони и 4 Сезони стакла се со меко покритие (нова генерација на нискоемисиони стакла од Guardian кои имаат подобри изолациски својства за разлика од старите типови на нискоемисиони стакла со тврдо покритие).