Претходна статија
Жителите на Тафталиџе 1 со нова акција против уништувањето на паркот
Следна статија
Големата награда на БИМАС 2016 за тренинг-центарот на ФК „Вардар“

Неправилности во изградбата на дел од катните гаражи во Скопје

Објавено на 31.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државниот завод за ревизија откри неправилности при изградбата на дел од катните гаражи, во кои како инвеститор се јавува Град Скопје. Ревизорскиот извештај за 2014 година откри дека катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ се граделе без да се испочитуваат одредби од условите во тендерот, не била уплатена гарантната сума, биле пробиени роковите за изградба на објектите, а притоа биле склучени и неколку анекс-договори. Промашувањето на тендерската цена за двете катни гаражи била над 1,6 милиони евра, јавува порталот „Плусинфо“. Само за катната гаража „Македонска фаланга“, ревизорите откриле дека се склучени пет договори за изведба на дополнителни и непредвидени работи.

 

 

 

За катната гаража „Тодор Александров“ се открило дека крајните пресметки со сите склучени анекси ја зголемиле цената на објектот за околу 650.000 евра, наспроти првично предвидената сума од 11,7 милиони евра, без вклучен ДДВ. „Поради недостатоци и пропусти во предмер пресметката од основниот договор, кои биле констатирани од страна на економските оператори уште во текот на постапката за јавни набавки, за што се поставувани и дополнителни прашања, а кои доаѓаат до израз при нејзината реализација на терен во периодот на градбата, покрај анекс-договорите што се склучуваат за продолжување на рокот за изведување на работите, Град Скопје склучил и три договори за изведба на дополнителни и непредвидливи работи“, констатирале во извештајот од Државниот завод за ревизија.