Претходна статија
МЖ ќе работи на ревизија на проектот за пругата Бељаковце - Крива Паланка
Следна статија
Партерно уредување за киното „Манаки“ во Битола

Наскоро реконструкција на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром

Објавено на 03.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје објави тендер за реконструкција на улицата „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. Сообраќајницата во оваа фаза ќе се рехабилитира на потегот од булевар Јане Сандански кај Мајчин дом до булевар АСНОМ. Градот проценува дека санацијата на коловозот ќе чини околу 215.000 евра. Градежниот зафат треба да се комплетира во текот на оваа година, а заинтересираните градежни компании имаат рок до 23 февруари за да ги достават своите понуди за учество на тендерот.

 

 

Реконструкција на улицата „Васко Карангелески“ не е направена уште од нејзиното пуштање во употреба во раните 80-ти години. Градот Скопје исто така планира да ја продолжи оваа сообраќајница во правец кон булеварот „Трета Македонска бригада“ во реонот кај Воениот музеј. Со реализација на проектот би се намалило сообраќајното оптоварување на булеварот „Србија“, а граѓаните од Стар Аеродром полесно би се поврзале со Лисиче и со булеварот „Борис Трајковски“.