Претходна статија
Леарницата во Пробиштип ќе се градела по светски стандарди
Следна статија
„Адора“ започна со изградба на висококатница во Кисела Вода

Наскоро реконструкција на улицата „Тодор Александров“ на Водно

Објавено на 31.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Главната сообраќајница во скопската населба Водно, улицата „Тодор Александров“ (поранешна „Салвадор Аљенде“) наскоро ќе биде реконструирана. Зафатот ќе се одвива етапно, а Градот Скопје очекува дека првата фаза ќе чини околу 670.000 евра, средства се обезбедени во рамките на градскиот буџет за 2015 година. Оваа улица која води од булеварот „Водњанска“ кон некогашниот хотел „Панорама“ веќе подолг временски период е преоптеретена со сообраќај поради експанзијата на нови станбени објекти на Водно. Градежната механизација ангажирана на проектите исто така го има оштетено коловозот, на кој му е неопходна реконструкција и проширување на одредени делови од трасата.

 

 

Бојан Блажевски