Претходна статија
Привршува реконструкцијата на пругата Битола - Кременица
Следна статија
Градските власти ќе го работат проектот за ентериер на Градската куќа

Наскоро почнува изградбата на втората фаза од обиколницата во Штип

Објавено на 21.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Избран е изведувач за изградба на втората фаза од штипската обиколница, од фабриката „Баргала“ до булеварот „Гоце Делчев“, каде ќе се гради кружен тек. „Наскоро започнуваме со изградба на вториот дел од обиколницата, којашто ќе чини 10,5 милиони денари. Тоа е цена,која е намалена за околу три  милиони денари со електронската аукција и имаме веќе фирма изведувач. Ние, како Општина Штип, обезбедивме средства и за првата и за втората фаза од обиколницата“, информираше штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

 

Обиколницата треба да го реши сообраќајниот хаос на влезот од градот, каде што се лоцирани и индустриските зони. Темпото на изградбата ќе зависи од временските услови, но според првичните планови се очекува да биде отворена за сообраќај во текот на пролетта 2019 година.