Претходна статија
Се нуди градежно земјиште во стопанскиот комплекс Белимбегово
Следна статија
Отворена за сообраќај проширената делница на булеварот Борис Трајковски до „Стакларница“

Наскоро ќе започне возобновувањето на киното на браќата Манаки

Објавено на 01.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Локалната власт од Битола ги потпиша договорите за реализација на првиот дел од проектот за обнова на некогашното кино „Балкан“ на Широк сокак во Битола. Предвидено е да се изгради објект со површина од 378 метри квадратни кој ќе содржи и музејска поставка. Битолската градежна компанија „БВ Инженеринг“ е задолжена за реализација на високоградбата, електриката, водоводната, хидрантската и канализационата мрежа, додека фирмата „Техно“ исто така од Битола, ќе ја изведе инсталацијата за греење, ладење и вентилација. Вкупната инвестиција во првата фаза од возобновувањето на киното на браќата Манаки според предвиденото ќе изнесува 18.990.565 денари, односно околу 310 илјади евра.

 

Избраните изведувачи имаат рок од 12 месеци за целосно завршување на својот дел од работите, така што се очекува киното „Балкан“ да профункционира во текот на наредната година. Во кино салата ќе се монтира најсовремена опрема, а плановите се во зданието да се одржува и дел од програмата на меѓународниот фестивал „Браќа Манаки“. Киното „Балкан“ се смета за дел од репрезентативната архитектура на Широк сокак, лоцирано било кај ресторанот „Корзо“ и постоело до избувнувањето на големиот пожар во 1939 година.