Претходна статија
Распишан оглас за изработка на проект за уредување на локалитетот Крст во Кучково
Следна статија
Општина Гази Баба изведува нов плоштад во Автокоманда

Наскоро ќе се уреди коритото на Зајашка река

Објавено на 09.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проблемите со поплавите на територијата на Зајас ќе бидат надминати со уредувањето на коритото на Зајашка река. Министеството за животна средина и просторно планирање го потпиша договорот за уредување на првите 300 метри од коритото на оваа река, што претставува прва фаза од реализацијата на овој значаен проект во Кичевскиот регион. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Еуроинвест медиу“ од Зајас, која што доставила најниска понуда на тендерот.

 

Градежните работи за реализација на првата фаза од уредувањето на коритото на Зајашка река треба да завршат во период од 5 месеци. За овој проект од државниот буџет се издвоени финансиски средства од над 7,6 милиони денари. Во натамошните етапи, предвидено е во целост да се регулира коритото на оваа река во Зајас, со што ќе се спречи поплавувањето на куќите и на земјоделските површини во ова населено место од општина Кичево.