Претходна статија
Во април ќе стартува изградбата на современ Бит - пазар
Следна статија
Се гасифицираат нови делови од Струмица

Нашите градежници ќе имаат помалку работа на странските пазари

Објавено на 15.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Домашните компании од градежниот сектор ќе имаат помал обем на работа на странските пазари во наредниот период. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2015 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3.412.089.000 денари (55,4 милиони евра), што е за 52,7% помалку во споредба со 2014 година. Претстојното опаѓање на градежните активности во странство воглавно се должи на непостоењето континуитет во изведбата на проекти во Босна и Херцеговина, која е најголемиот пазар на кој се присутни нашите фирми.

 

 

 

Статистичарите пресметале дека македонската градежна оператива во странство лани извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.666.315.000 денари (43,3 милиони евра), што е за 136,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во овој период е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Хрватска, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари за домашните компании од градежниот сектор се јавуваат Полска, Словенија, Малта и Грција.