Претходна статија
Фабриката Карпош го слави својот 65-ти роденден
Следна статија
Ќе се реконструираат центрите за социјална работа и основни училишта

Наредната година ќе работиме на развојот на автопатската мрежа

Објавено на 16.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Почеток на изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, модернизација на патарините на постоечките делници и продолжување на изведбата на трасата Демир Капија – Смоквица се дел од приоритетите на Агенцијата за државни патишта за 2014 година. Акцентот се става на автопатите. Директорот Љупчо Георгиевски денеска изјави дека камен – темелниците на двата автопати од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид ќе бидат поставени во првиот квартал од 2014 година. Во моментов се одвиваат подготвителни работи и се врши експропријација на земјиштето на кое минуваат трасите.

 

Според зборовите на директорот Георгивски, од почетокот на изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица до денес се завршени 36 проценти од целокупните активности. Во тек е пробивањето на два тунели, од првиот тунел се пробиени 27 проценти, додека од вториот 22,8 проценти од вкупната должина. Досега се извршени над 90 проценти од земјените работи и е почнато и асфалтирањето на некои сегменти. Должината на оваа делница ќе изнесува 28 километри, а вредноста на целиот проект е 210 милиони евра.

 

Наредната година ќе се посвети внимание и на развојот на патарините како составен дел на македонските автопати. Во завршна фаза се преговорите со заинтересираните субјекти за осовременување на патарините со воведување нов систем. Новиот изглед на патарините веќе е прифатен и истиот е проследен до сите апликанти што се јавија на тендерот, којшто се одвива во две фази. До крајот на 2013 година треба да биде доставена целокупната документација од странските субјекти за овој проект. „Се надевам до крајот на февруари веќе да имаме склучено договор за да може да се почне со реализација. Првата точка за реализација секако ќе биде наплатната рампа Романовце“, изјави директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгивски. На средбата со новинарите тој информираше и за годинашните активности на оваа агенција во однос на изградбата и реконструкцијата на македонската патна инфраструктура.