Претходна статија
Во Штип продадено земјиште за трговски центар и станбен објект
Следна статија
Се проширува улица Белградска

Напредуваат работите на булеварот Илинден

Објавено на 11.08.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Моментална состојба Вчера беше експроприран и последниот објект кој се наоѓаше на трасата на проширувањето. Објектот е срушен и сопствениците се соодветно обештетени. Во моменов во тек е поставувањето на атмосферска канализација на последните метри кон крстосницата со булеварот 8 Септември, а се подготвува поставање на водови и од другата страна на крстосницата. Цевките на овој сегмент се со профил од 500 милиметри. Изведбата на атмосферска канализација на целиот потег од кај владата до кај спортската сала „Борис Трајковски“ ја врши фирмата „Енергомонт“ и го чини градот околу 40 милиони денари.


На сегментот помеѓу улиците Никола Тесла и Рузвелтова, оперативата на „Гранит“ веќе има поставено рабници и ја подготвува подлогата на коловозот. Во сличен стадиум се и работите на сегментот помеѓу булеварот Климент Охридски и улицата Наум Наумовски Борче. Рокот за завршување на сите активности е Денот на независноста, 8 Септември.


Форумска дискусија за овој проект » овде


### ### ### ###