Претходна статија
Doka ги подига параметрите за квалитет на глобалното градежништво
Следна статија
Се продаваат 36 градежни парцели на различни локации во Битола

Напредува изградбата на водоводот во Тетово

Објавено на 15.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска извршија увид во состојбите со изградбата на водоводниот зафат на водите на Студена река и на реката Пена, проект кој започна да се одвива во текот на август годинава. Aктивностите на терен се одвиваат според планираната динамика и предвидувања, досега се изградени околу 1,7 километри од водоводната мрежа, а работите би требало да завршат до крајот на наредната година. Реализацијата на проектот вклучува изведба на 8,5 километри водоводна мрежа, со поставување на цевки, шахти, испусни вентили и останата инфраструктура.

 

Со овој градежен зафат ќе се обезбедат 200 литри вода во секунда од горниот тек на реките Пена и Студена во градскиот водовод и ќе се надминат проблемите со обезбедување на питка вода за граѓаните.  За реализација на проектот се издвоени 114.999.913 денари. Градежните работи ги изведува фирмата „НБ Компани“ од Тетово.