Претходна статија
Профункционира новиот цветен пазар
Следна статија
„Бетон“ ќе ја реконструира зградата на Министерството за транспорт и врски

Напредува изградбата на „Skopje City Mall“

Објавено на 26.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежните активности на градилиштето на „Skopje City Mall“ ce одвиваат според планот. Периодов во објектот се вградуваа и по 1.000 метри кубни бетон дневно. Карабината се очекува да биде готова до крајот на годинава, а во септември догодина треба да биде и свеченото отворање на трговскиот центар.

 

„Skopje City Mall“ се наоѓа на три километри од центарот на градот [»мапа] и ќе има бруто изградена површина (GBA) од 90.000 метри квадратни, од кои 39.000 метри квадратни ќе бидат бруто закупна површина (GLA), со што ќе биде најголем затворен трговски центар во земјава. На три надземни нивоа (високи по 6 метри) и едно подземно ниво (-3,70 метри) ќе бидат сместени 150 продавници и еден голем супермаркет од над 4.000 метри квадратни. Билд дознава дека закупец на супермаркетот ќе биде „Карфур“ (Carrefour), со што големиот интернационален ланец конечно влегува на македонскиот пазар („Карфур“ според прометот е втор по големина малопродажен ланец во глобални рамки). Од другите позначајни нови брендови засега е сигурен влезот на „Зара“. Меѓу забавните содржини, во „Skopje City Mall“ ќе има едно големо 3Д кино и девет помали кино сали, како и голема куглана со 12 патеки. Во подземниот простор и во катната гаража која е дел од објектот, предвидени се 1.300 паркинг места. На покривот ќе бидат инсталирани соларни панели.

 

Проектот за „Skopje City Mall“ е изработен од страна на тексашката „Laguarda.Low Architects“ и домашната „ДСЦ Дизајн“. Главен изведувач е „Торус Инженеринг“, а подизведувачи во оваа фаза се „Мива Градба“, „Галаб ДС“ и „Кимбекс“. Надзор врши „Поинт Дизајн“. Вредноста на инвестицијата изнесува 80 милиони евра. Коинвеститори се македонската „Fashion Group“ и „Balfin Group“ од Албанија. Албанската групација во близина на Тирана во моментов гради уште еден голем трговски центар – „Tirana East Gate“, со речиси идентична квадратура како „Skopje City Mall“. Отворањето на „Tirana East Gate“ е најавено за наредниот месец.

 

 

Skopje City Mall

Skopje City MallSkopje City MallSkopje City Mall

Skopje City MallSkopje City MallSkopje City Mall

Skopje City MallSkopje City MallSkopje City Mall

Skopje City MallSkopje City MallSkopje City Mall

 

 

Tirana East Gate

Tirana East GateTirana East Gate