Претходна статија
Отворена за сообраќај реконструираната улица Кемал Сејфула во Бутел
Следна статија
Општина Центар започна со реконструкција на улицата Аминта Трети

Напредува изградбата на ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода

Објавено на 07.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По само два месеци од поставувањето на камен-темелникот, изведени се безмалку 40% од крупните градежни активности на новиот објект на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската населба Кисела Вода. Реализацијата на градежните работи се одвива со одлично темпо. Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска остварија посета на градилиштето на објектот. „Очекувам во наредниот период, доколку временските услови тоа го дозволат, градежните активности да продолжат со истиот интензитет, со што, при крајот на 2016 година ова училиште да биде комплетно завршено“, изјави заменик министерот Ристовски.

 

* Извор на фотографија: Општина Кисела Вода

 

 

Новиот образовен објект ќе има површина од 2.200 метри квадратни, во чии рамки е предвидено да има 15 училници и пет кабинети за одвивање на наставата. Зградата се гради на местото на некогашните бараки на ова скопско училиште. Од буџетот на Министерството за образование и наука за овој објект се обезбедени средства во висина од 75 милиони денари. Градежните работи започнаа на 1 септември годинава. За изведувач е избрана фирмата „Изградба-комерц“ од Скопје.