Претходна статија
Град Скопје ќе ги санира дотраените фасади на плоштадот Карпошово востание
Следна статија
Нови 370 илјади евра за довршување на зградата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција

Напредува изградбата на новата општинска зграда на Карпош

Објавено на 20.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош ја привршува реализацијата на градежниот дел од изведбата на својата идна административна зграда [»мапа]. Објектот е доведен на ниво на армирано – бетонска конструкција, во моментов се градат внатрешните ѕидови и покривот на зданието, по што ќе следува реализација на стаклената фасада. Активностите поврзани со првата фаза треба да ги доврши градежната компанија „АК – Инвест“ од Тетово, која за сума од речиси три милиони евра беше избрана за изведувач на проектот. Градежните работи во изминативе месеци се одвиваа со забавена динамика, но од општина Карпош напоменуваат дека во претстојниот период тие ќе се забрзаат.

 

###

###

 

 

Крајниот рок за комплетирање на проектот сè уште не е утврден. „Во зависност од динамиката со која ќе се одвиваат тендерските работи од втората фаза на објектот, како и временските услови, ќе зависи конечниот термин кога општинскиот објект ќе биде завршен и пуштен во употреба“, истакнуваат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на општина Карпош. Новата општинска зграда на Карпош започна да се гради во октомври 2012 година.

 

Во согласност со проектната документација, предвидени се пет надземни нивоа со вкупна површина од 4.500 метри квадратни, а во рамките на објектот е зацртан и паркинг простор со површина од околу 1.000 метри квадратни. Идејното решение за зградата го изработија архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“ од Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект