Претходна статија
Нови најави за гасификација на Македонија
Следна статија
Меѓународен консултант ќе ги ревидира Чебрен и Галиште

Напредува автопатот Куманово-Табановце

Објавено на 27.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Привршува надградбата на делницата Куманово – Табановце на ниво на автопат. Проектот се состои во изградба на нов коловоз со ширина од 11 метри, и реконструкција и проширување на постоечкиот пат од сегашните 8, исто така на 11 метри. Средишниот дел ќе биде со ширина од 4 метри. Најголем дел од новиот коловоз е веќе асфалтиран, а рокот за пуштање во употреба на автопатот е март 2010.


#Градежните работи започнаа во септември 2008. Изведувач е австриската „Алпине“ (Alpine Bau GmbH). Делницата е долга 7,6 километри, а инвестицијата е во вредност од 12 милиони евра. Парите се обезбедени од буџетот и преку задолжување кај Светска банка.


И од српска страна на границата се дооформува коридорот 10. Автопатската делница Прешево – Левосоје беше пуштена во употреба во јули годинава, а се работи и на останатите сегменти кои недостасуваат. Во Македонија пак, со заокружување на проектот Куманово-Табановце, за комплетирање на коридорот 10 на ниво на автопат, останува да се изгради уште делницата Демир Капија – Смоквица, во должина од 27 километри.




Форумска дискусија за овој проект –> овде