Претходна статија
На крајбрежјето во Струга турбо се градат плажи
Следна статија
Изложба на студентски проекти на 27 февруари во „Сити Мол“

Наместо „зелен кров“, ГТЦ да се заштити како национално културно наследство

Објавено на 22.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И неколку дена по објавувањето на проектот за изведба на зелен кров на дел од последниот кат на Градскиот трговски центар (ГТЦ), не стивнуваат реакциите од архитектите и од невладините организации. Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и официјално побараа од владата да ги заштити како национално културно наследство сите значајни објекти на Модерната во Скопје, вклучувајќи го и ГТЦ. Од ААМ бараат да не се реализира изготвениот проект, а при изработката на секој нареден проект за ова здание да се одлучува по пат на конкурс.

 

 

Негативни реакции за зелениот кров на ГТЦ пристигнаа и од невладината „Прва Архи Бригада“. Активистите велат дека проектот личи на плочник, кафич, базени, фонтани, но не и на зелен покрив. „Ни треба слободен простор кој лесно ќе се адаптира за разни намени и настани; простор кој лесно ќе може да прими различна урбана опрема, кој ќе може да стане и театар, и кино, и игралиште, и галерија“, истакнуваат од „Прва Архи Бригада“.

 

Градот Скопје и УНДП изработија проект за изведба на зелен кров на површина од 1.800 метри квадратни од последниот кат на ГТЦ. Сепак, споредбата со постојната површина на овој трговски центар покажува дека само една десеттина од целокупниот простор би бил опфатен со замислениот зелен кров.