Претходна статија
Градежниците со негативна оценка за развојот на нивниот сектор
Следна статија
Со „КУПРОМ“ стартува борбата на невладините за обнова и реосмислување на индустриските објекти

Наместо за енергетска ефикасност, владините пари пренаменети за проекти за наводнување

Објавено на 17.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонската влада на вчерашната седница донесе одлука за пренамена на средства од програмата енергетска ефикасност и обновливи енергии во финансирање проекти од областа на наводнувањето. Пренамената на овие ставки од буџетот ќе овозможи да се одвојат 20 милиони евра во реализација на втората и третата фаза од изградбата на хидросистемот „Лисиче“ и третата фаза од изведбата на проектот „Јужновардарска долина“. Инфраструктурните зафати треба да овозможат снабдување со вода за пиење на жителите од Велес, како и да ги задоволат потребите за наводнување на земјоделските површини во Велешкиот и во Валандовскиот регион.

 

„Министерството за финансии треба да ја започне постапката за пренамена на средствата во вид на заем во износ од 20 милиони евра од програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, III фаза, за проекти од областа на наводнувањето, а за останатите средства потребни за затворање на финансиската конструкција на овие проекти да побара развоен заем од Владата на СР Германија и банката КфВ“ се вели во соопштението на владата.