Претходна статија
Нова продажба на градежни парцели на езерото Козјак
Следна статија
Четири месеци доцни проширувањето на улицата „Јордан Мијалков“

Наместо во подземна гаража, паркирање во парк кај МОБ

Објавено на 01.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Крајот на изградбата на подземната гаража на две нивоа кај објектот на Македонска опера и балет (МОБ) доцни веќе една и пол година. Поради одолговлекување на пуштањето во употреба на овој гаражен објект кој ќе има капацитет од 845 паркинг места, граѓаните немаат каде да ги паркираат своите возила во овој реон. Од овие причини, паркот околу седиштето на операта во моментов е претворен во импровизиран паркинг. Зеленилото е уништено и е претворено во кал и депонија од околните градилишта, со што се создава грда слика за центарот на Скопје.

 

 

Покрај доцнењето со реализација на подземниот паркинг, во моментов не е ниту почната изведбата на новопроектираната подземна улица, со која идниот гаражен простор би се поврзал со булеварот Гоце Делчев. Завршувањето на инфраструктурниот проект кај објектот на МОБ е од исклучително значење, бидејќи со тоа повторно ќе проработи некогашниот подземен паркинг. Гаражата со две подземни нивоа се изведува на градежна парцела од 10.885 метри квадратни.

 

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје е избрана за да ги реализира изведбените активности во летото 2012 година од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. Од државниот буџет за овој проект досега се издвоија над 570 милиони денари, односно околу 9,3 милиони евра.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски