Претходна статија
Заглави реконструкцијата на Бит - пазар
Следна статија
Прилепчани и наредните месеци ќе се возат во старите градски автобуси

Наместо по загадување, РЕК „Осломеј“ во иднина ќе биде познат по производството на зелена енергија

Објавено на 08.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска го посети РЕК „Осломеј“, во чии рамки е предвидено да се гради новата фотонапонска електрана „Осломеј“. Локацијата на идната соларна електрана со моќност од 10 мегавати ќе се простира на 15 хектари земјиште од поранешните наоѓалишта на јаглен, кое за една година треба да биде рекултивирано со новата централа. Како што информираат од владината прес – служба, новиот енергетски капацитет ќе може да произведува годишно по околу 15 гигават часови електрична енергија, што е доволно за да се задоволат потребите на околу 2.000 домаќинства. Фотонапонската електрана ќе ја користи енергијата од сонцето за производство на електрична енергија, со што ќе се надмине проблемот со загадувањето на воздухот во Осломеј и Кичево што беше предизвикуван од досегашната термоелектрана.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Инвестицијата вредна 7 милиони евра е само почеток на реализацијата на идните планови за развој на РЕК „Осломеј“. „Веќе почнавме со студија за градба на дополнителна 20 мегаватна фотоволтаична мрежа, исто така, во рамки на РЕК „Осломеј“. Користењето на ваков вид на производство на енергија е светски тренд, со кој ќе продолжиме во нашите проекти“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.