Претходна статија
Ќе се ревитализира црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане
Следна статија
2,6 милиони евра за реконструкција на 16 основни и средни училишта

Наместо пет, Штип ќе добие две паркинг платформи на Отиња

Објавено на 14.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По раскинувањето на договорот со бугарската компанија „Кибилд“, општина Штип се одлучи преку алтернативни потези да го реализира уредувањето на речното корито на Отиња во центарот на градот. Наместо првично планираните пет, дефинитивно е одлучено да се градат само две паркинг платформи преку донации, а на идентичен начин во моментов се уредува и коритото на реката Отиња. Со донација од „Комерцијална банка“ од Скопје, деновиве стартуваше изведбата на првата паркинг платформа, со капацитет од 25 возила. Изградбата треба да трае околу два месеца, а паркирањето на овој простор ќе биде забрането за возила потешки од 2,5 тона. Финансиската конструкција на зафатот изнесува околу 50.000 евра.

 

 

 

Идентично како и првата, локалната самоуправа од Штип очекува дека по пат на донации ќе се изгради и втората паркинг платформа. Наредната пролет се очекува да продолжи и санацијата на коритото на реката Отиња, која ќе се оствари преку неповратни средства од скопска градежна компанија, која засега не и се соопштува на јавноста. Во меѓувреме, екипи на штипските јавни претпријатија го изведуваат коритото на Отиња, на потегот од мостот кај Стопанска банка до Камениот мост. Општина Штип бесплатно го добива каменот од рудникот Бучим, а македонската армија го транспортира до градилиштето.

 

Претходната градска администрација зеде кредит во висина од 2 милиони евра за неколку проекти, финансиски средства за кои подоцна се испостави дека нема да може да се вратат поради презадолженоста на општината. Поради тоа, новиот градоначалник Илчо Захариев се одлучи да не повлекува нови рати од кредитот на Светска банка.