Претходна статија
Поднесени над 2.100 барања за субвенции за купување велосипед
Следна статија
Се засилува падот на цената на становите во Скопје

Најдолгата пештера во Македонија ќе се уреди за развој на алтернативен туризам

Објавено на 13.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Македонски Брод планира да инвестира во уредување на Горно Слатинската пештера. Локалните власти распишаа оглас за избор на изведувач што ќе го уреди овој споменик на културата, кој воедно претставува и најдолга пештера во нашата земја. Самата пештера претставува строго заштитена зона составена од вкупно пет пештери. Овој локалитет е идеален за развој на алтернативниот туризам, од каде се очекува и поврат на инвестираните средства во уредувањето на Горно Слатинската пештера.

 

Локалните власти планираат да инвестираат околу 2,4 милиони денари во уредување на околниот простор, а работите да завршат до крајот на ноември 2017 година. Општина Македонски Брод очекува од заинтересираните компании да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 3 јули.