Претходна статија
Реконструиран Спомен - домот на браќата Миладиновци во Струга
Следна статија
Бесплатна легализација на дивоградбите за социјално загрозените

Над половина од граѓаните не поднеле барање за легализација на дивоградбите

Објавено на 25.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека досега се поднесени 149.101 барања за легализација на бесправно изградените објекти, а вкупно се решени 5.620 предмети. На помалку од 10 дена од крајниот рок што го предвидува законот, над половина од граѓаните сеуште не се заинтересирале и не поднеле барање за легализација на сопствената дивоградба, ако се земе во предвид податокот дека во земјава постојат околу 350.000 бесправно изградени објекти.

 

Според податоците на министерството, најголем број барања се поднесени во скопските општини Гази Баба – 10.009, Кисела Вода – 8.417, Аеродром – 7.600 и Чаир 5.400. Кога станува збор за општините надвор од Скопје, најмногу барања за легализација на дивоградбите се поднесени во Куманово – 7.500,  Прилеп – 7.000 и Штип – 6.144. Над 3.000 барања се примени во општините Велес, Илинден, Кавадарци, Тетово и Струмица. Информациите од општините во земјава покажуваат дека во помалите општини и руралните средини е помал интересот за легализација на дивоградбите во споредба со поголемите општини и градовите.

 

Од Министерството за транспорт и врски уште еднаш потсетуваат дека крајниот рок за поднесување барање за легализација истекува на 3 септември и дека постапката за легализација почнува со само три документи. Надоместокот за легализација на бесправно изградените објекти изнесува 1 евро од метар квадратен, а граѓаните ќе имаат законски рок од 6 години да ја завршат отпочнатата постапка.

 

 

Бојан Блажевски