Претходна статија
За 5 месеци ќе се изработи идејниот проект за гасификација на Гостивар
Следна статија
Изложбата „Ослободување на простор“ за наследството на „Скопје 2014“ од вторник во МСУ

Над 13 милиони денари за нов парк во скопски Мичурин

Објавено на 07.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако не успеа да го изгради лани, скопската општина Аеродром и годинава ќе се обиде да пронајде изведувач на идниот парк во населбата Мичурин. Од општинскиот буџет за оваа намена се издвоени над 13 милиони денари, а веќе е распишан и тендерот за пронаоѓање на изведувачот. Идниот парк ќе се простира на 3.573 метри квадратни, на која површина е планирано да никне ново зеленило и да се постави урбана опрема и осветлување. Парковското зеленило ќе се подигне на местото на постојниот уништен јавен простор кај поранешната општинска зграда.

 

 

Општина Аеродром до 27 март ќе ги очекува понудите на заинтересираните компании за учество на тендерот, по што ќе го избере идниот изведувач. Изведбата на идниот парк е предвидено да се комплетира во рок од 90 дена од воведувањето во работа на избраната компанија.