Претходна статија
Мал интерес за понудените градежни парцели во Битола
Следна статија
Бројот на патници во авиосообраќајот се зголемил за 18,1%

На црковно земјиште кај манастирот „Св. Наум“ ќе се градат хотели

Објавено на 19.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Индискиот милијардер Субрата Рој пред неколку месеци од религиозни причини се откажа од црковното земјиште кај манастирот „Св. Наум“ во Охрид, но вакво каење досега не се појавило и кај државната власт. Управниот суд одлучи да одзеде земјиште со површина од пет хектари, кое што досега беше во владение на Македонската православна црква (МПЦ), и да го даде на располагање на државата. Одлуката за експропријацијата на оваа атрактивна локација е спроведена без образложение за каква намена ќе се употребува земјиштето и дали интересот е јавен, за да се запазат актуелните законски прописи. И покрај ваквата недореченост, од поодамна е познато дека на спорната локација е планирано да се гради туристичко – развојна зона.

 

#Дебарско – Кичевскиот архиереј г. Тимотеј во денешната изјава за неколку медиуми порача дека донесената одлука ќе ја обжали пред Вишиот Управен суд, повторно нагласувајќи дека црквата не е заинтересирана за отуѓување на земјиштето во близина на манастирскиот комплекс „Св. Наум“. И додека трае спорот помеѓу црквата и Управниот суд, на теренот во Љубаништа се одвиваат неопходните археолошки ископувања на откриениот локалитет, кој ќе претставува составен дел од бројните хотелски комплекси и останати придружни објекти. Истовремено, државата забрзано работи за создавање услови за продажба на атрактивното земјиште.

 

Некогаш земјоделското земјиште веќе е пренаменето во градежно, изготвена е урбанистичко – планска документација за просторот, а набрзина беше изготвена и Студијата за влијанието врз животната средина од туристичката развојна зона „Љубаништа 1“. Во атарот на селото Љубаништа државата планира да гради три туристичко – развојни зони, за чија реализација консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ веќе издготвува физибилити – студија и мастер план за развој. После комплетирањето на документацијата во текот на наредните месеци, државата преку Министерството за транспорт и врски или Министерството за економија ќе излезе со оглас за отуѓување на земјиштето.