Градот Скопје пролетва ќе се обиде да активира неколку спортски дисциплини на неискористениот јавен простор во метрополата. Распишан е тендер за изработка на основен проект за изведба на бетонски, алуминиум и инокс маси за играње на пинг понг, шах и табла. „Целта е да се понуди и збогати нашиот град со нова спортско рекреативна инфраструктурна содржина која ќе биде бесплатна и достапна за сите граѓани на Скопје“, посочуваат градските власти.
*Архивска фотографија од маса за шах во центарот на Прилеп; Извор на фотографија: Општина Прилеп
Компаниите заинтересирани за учество во тендерот ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 7 март. Основниот проект е зацртано да се изработи во рок од 30 работни дена од воведувањето во работа. Скопските градски власти дополнително ќе соопштат на кои локации ќе се постават идните маси за играње пинг понг, шах и табла.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk