Претходна статија
Распишан оглас за изработка на проект за идниот административен објект кај Геолошкиот завод
Следна статија
При крај е карабината на бизнис центарот „Сити центар“ во Прилеп

На продажба се нудат две парцели од економската зона „Илинден“

Објавено на 10.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со завршувањето на локалните избори, општина Илинден ја продолжи постапката за продажба на државното градежно земјиште. Во дневните весници денеска беше објавен оглас за отуѓување на две градежни парцели со вкупна големина од 106.399 метри квадратни. Првата локација со површина од 87.065 метри квадратни е наменета за изградба на откупно – дистрибутивен центар, додека на втората со површина од 19.334 метри квадратни е предвидено да се гради лесна и незагадувачка индустрија. Почетната цена за овие две парцели на електронското јавно наддавање изнесува 61 денари за метар квадратен.

 

 

 

 

Двата објекта ќе се подигнат во економската зона „Илинден“, за која инвеститорите во изминатиов период пројавија значителен интерес. Домашните и странските компании треба да достават пријава за учество на електронската лицитација најдоцна до 13 мај, а наддавањето ќе се одржи на 17 мај годинава.