Претходна статија
Новиот објект на Велешкиот театар ги отвори вратите
Следна статија
Нови стојалишта за таксистите во Скопје

На продажба одат уште 15 парцели за домување во населбата „Јака“

Објавено на 27.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден огласи на продажба 15 градежни парцели за изградба на индивидуални домови во новата населба „Јака“. На граѓаните им се нудат локации со површина од 352 до 535 метри квадратни, на кои можат да се подигнат станбени куќи со максимална висина од 7,2 метри. Почетната цена на градежното земјиште изнесува 148 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање, заедно со неопходната документација, треба да се достават најдоцна до 14 јули, а лицитацијата ќе се одржи на 18 јули.

 

 

 

Локалната самоуправа досега успеа да продаде 261 градежна парцела во населбата „Јака“. На овој простор оддалечен 10-тина километри од центарот на Скопје ќе се градат 500 станбени куќи, хотел, трговски центар, како и простор за спортско – рекреативни содржини. Проектот е уникатен и по тоа што на идните купувачи на земјиштето им се нудат бесплатни идејни решенија и основни проекти за новите домови, кои ќе бидат изработени од „Инком Инженеринг“ од Скопје и „Есперанца“ од Битола. На овој начин, ќе се забрза постапката за добивање на неопходната документација за градење од локалната самоуправа, но и граѓаните имаат можност да заштедат финансии во висина и до 1.000 евра.